Македонскиот Филмски фонд на светски собир на Филмските фондови

Од 16-18 февруари во Израел ќе се одржи собир на 20 филмски фондови од кои десет се од Европската унија и десет филмски фондови од целиот свет, во кои и Македонскиот филмски фонд кој беше поканет да земе учество, како представник од земја надвор од ЕУ.

Организацијата ACE (Ateliers du Cinéma Européen – www.ace-producers.com) и Израелскиот филмски фонд го организираат овој собир на Филмските фондови кој е замислен како работилница за размена на најдобрите искуства.

Самото учество е исклучиво на покана на организаторите кои го избраа и Македонскиот Филмски фонд да се представи со својот систем на поддршка за филмовите кој е изграден како компилација на собрани искуства од преку дваесетина филмски фондови и развиен како уникален систем.

Во текот на дводневната работа ќе се работи по 7 главни точки:

1. Размена на искуства и компаративни предизвици,
2. Договорите на Светската трговска организација и нивниот потенцијал на влијание на системот на финансирање на филмови,
3. Агенциите во Копродукија: Компатибилност и реципроцитет,
4. Поддршка за дистрибуција,
5. Автоматска поддршка – дали е поедноставна и посигурна од селективната?,
6. Дефинирање на најдобрите искуства во правилата и процедурите
7. Работилницата и потоа – идентификација на клучните елементи според видувањата на учесниците и предлози за следни чекори за остварување на споделените цели

Учесници:
– Јапонија, Бразил, Индија, Австралија, Македонија, Канада, Русија, Колумбија, Хрватска, Израел, Еуримаж, МЕДИА Програмата, Данска, Финска, Германија FFA, Германија MDM, Норвешка, Холандија, Франција,Белгија, Франција…

You May Also Like