Концерт на Македонската филхармонија на Штипско лето

Македонската филхармонија вечерва  (вторник, 23 јули) настапува на фестивалот „Штипско лето“. Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, а ќе се одржи во Центарот за култура „Ацо Шопов“.

Оркестарот ќе настапи под диригентско водство на маестро Борјан Цанев изведувајќи дела од Манчев, Зографски, Росини, Хендл и Моцарт. Како солист ќе се претстави надежниот македонски сопран Гонца Богоромова.

You May Also Like