Конкурс за плакати за „100 илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша конкурс за дизајнерско решение на постери/ плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на третото издание на фестивалот.

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на facebook профилот на оваа манифестација најдоцна до 23 септември 2013 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на фестивалот „100 Илјади поети за промена, на 28 септември 2013 година во Струмица. Конкурсот се организира веќе трета година.

Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји. Оваа година, токму Струмица ќе биде еден од главните центри на оваа меѓународна манифестација. Организаторите очекуваат голем одзив на конкурсот и креативни идејни решенија за постерот.

You May Also Like