Изложба на Ликовниот караван 2013 во Охрид

Денеска (четврток, 12 септември) во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложба на слики, графити и скулптури.

Изложбата е дел од Ликовниот караван 2013 чија тема беше „Убавините за Љубовта“ на окој учествуваа 30 автори од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Германија и Америка.

Изложбата претходно беше во Струга, а после Охрид ќе оди во Кавадарци, Велес, Куманово, Скопје и Белград.

You May Also Like