Започнува фолклoрниот фестивал „Пображење“ во Вевчани

Од денеска (16 август, петок) до 19 август во Вевчани ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Пображење“.

И оваа година на сцената во Вевчани ќе биде презентирана македонската култура и традиција преку учество на домашни ансамбли и етно состави, а во исто време публиката ке ужива во културното наследство на Турција, Србија, Романија, Бугарија, Црна Гора.

Вечер во 20:30 во Домот на култура – Вевчани ќе се одржи и Научна вечер на тема: „Вевчанската играорна традиција-достоен чувар на Македонската изворна култура (1947-1973-2013)“.

Учесници: М-р Велика Стојкова Серафимовска, етномузиколог-Институт за фолклор; Проф.Др. Рубин Земон, Универзитетски професор-Институт за социо културна антропологија; Блаже Палчевски, етнолог; Анастас Ќушкоски, хроничар на Вевчани; Аргил Мукоски, наставник по музика – КУД,,Дримкол,,- Вевчани. Модератор на вечерта: Наташа Ташкова, етнолог

You May Also Like