Ањес Годар добитник на „Златната камера 300“

Француската директорка на фотографија Ањес Годар на претстојниот 34. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, ќе ја добие специјалната награда „Златна камера 300“ за својот придонес во филмската уметност. Годар е првата жена што ја добива почесната „Камера“

Ањес Годар, која е родена на 28 мај 1951 година во Франција, зад себе има импозантен опус од над педесетина. Соработувала со најеминентните имиња на францускиот филм, но и со некои од најзначајните автори на европскиот филм, меѓу кои и француската режисерка Клер Дени. Дени – Годар имаат работено на дури 15 филма и телевизиски серии, за кои освоија многубројни награди.

„Не можам да спијам“ од 1994 година, е нивниот прв заеднички филм, кој на Годар и доенесе номинација за наградата „Златна жаба“ за најдобра фотографија на полскиот фестивал посветен на филмската камера „Камераимаж“.

Највисоката филмска француска награда „Цезар“ за најдобра фотографија Ањес Годар ја освои за филмот на Клер Дени од 1999 година насловен „Добра работа“.

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 20 септември 2013 година.

You May Also Like