Од денеска (2 ноември) па се до 06.11.2020 година, во просториите на Кинотеката ќе бидат изложени следните три изложби:
1. „Довидување Скопје-довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во скопје 1963-1964г.“
Автор проф. д-р Марјан Димитријевски, ЈНУ-ИНИ-УКИМ-Скопје.
Изложбата е посветена на патешествието на скопските деца по земјотресот 1963г., нивно сместување, престој во бројни места ширум тогашна СФР Југославија и школувањето на македонски наставен јазик во: Пореч, Цриквеница и Лесковац.
2. „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михајловиќ-Јуруковски“
Автор проф. д-р Лидија Ѓурковска, ЈНУ-ИНИ-УКИМ-Скопје
Низ фотографии, легенди и текст изложбата зборува за градителската дејност во Скопје на познатиот архитект и градоначалник Јософ Михајловиќ-Јуруковски кој и самиот е автор на бројни познати скопски архитектонски градби.
3. „Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“
Автор проф. д-р Габриела Топузвска, ЈНУ-ИНИ-УКИМ-Скопје
Здравството како важен сегмент од секојдневниот живот на повоена Македонска држава е темата на изложбата на фотографии и документи посветени на здравството, здравствените институции и здравствените прилики во оваа време.