Во Гевгелија денеска беше промивиран вториот том од монографијата „Антички монети“ на авторот Бобан Хусеновски.
Според рецензентот проф. д-р Наде Проева, делото има големо значење за натамошните научни археолошки истражувања.
– Второто значење е што локалитетот Вардарски рид на кој се вршени истражувањата, е единствен на територијата на Република Македонија чија нумизматичка збирка е целосно објавена, нагласи Проева.
Според промоторот Перо Јосифовски, монографијата спаѓа во редот на најдрагоцените нумизматички дела зашто е посветена на наодите од кои може да се види цела хронологија и интензитет на живеење во градот и неговата економија. – Преку парите најдобро се гледа каков бил квалитетот на животот во еден подолг временски период, оцени Јосифовски.
„Антички моменти“ на археологот и директор на гевгелискиот музеј Бобан Хусеновски е обемно и значајно дело за културното наследство на археолошкиот локалитет Вардарски рид каде што се наоѓал старо – македонскиот град Гортинија. Првиот том беше објавен во 2004 година.