На денешен ден: Родена е Блага Алексова

На денешен ден (24 јануари 1922 година) родена е Блага Алексова, македонски археолог и академик. Нарекувана е прва дама на македонската археологија.

Нејзините истражувања биле насочени кон докажување на културолошкиот континуитет меѓу раното христијанство и средновековјето во Македонија.

Ја открила најстарата христијанска црква во Македонија (Старата епископска базилика во Стоби).

Вршела ископувања на локалитетите: Демир Капија, Баргала, Крупиште, Струмица, Полог, Охрид, Преспа, Дојран, Оризари, Радолишта и Стоби.

Учествувала на голем број научни собири во Македонија, САД, Австрија, Англија, Русија, Романија, Турција, Бугарија, Италија, Хрватска, Србија, Грција и во Албанија.

Починала на 12 јули 2007 година во Скопје.

You May Also Like