На денешен ден: Починал Димитар Митрев

На денешен ден (24 февруари 1976 година) во Охрид умрел Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, публицист, академик, професор на Филолошкиот факултет во Скопје.

Уште во 1938 година, кога бил формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членувал во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорѓи Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеле за афирмирањето на македонската национална култура.

Во периодот 1974-1976 е ректор на Скопскиот универзитет.

Бил главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.

Негови познати дела се „Пиринска Македонија во борба за национално ослободување“, „Вапцаров“, „Критики и огледи“.

Роден бил во Дедеа‘ач (Александрополис, Егејска Македонија), на 4 октомври 1919 година.

You May Also Like