Дел од богатата ризница на Македонски народни пословици и поговорки …
Ѓаолот во трска го затворат итриот. (За лукав чоек).
Ѓаоло ако е изел зелнико, тепсијата е на мегдан.
Ѓаолот кози немаше, а сирење продаваше.
Ѓаолот ко немат шчо да прајт, ја нишат вратата.
Ѓаолот во трска го затворат итриот. (За лукав чоек).
Ѓаоло ако е изел зелнико, тепсијата е на мегдан.
Ѓаолот кози немаше, а сирење продаваше.
Ѓаолот ко немат шчо да прајт, ја нишат вратата.
Ѓаволот ни орат ни копат, само и учи луѓето да се неќа.
Ѓаолот нишчо не работат, само љуѓе скарвит.
Ѓаволот немал работа, та си давел децата.
Ѓаолот од темјан бегат, затоа в црква кадат.
Ѓаолот се сакал да бидит, само чирак и војник не.
Ѓаволска кожа ни за тап’н не чинит.
Ѓаурска пушка не пукат (не дупит)
Ѓаурска сабија не сечит.
Ѓон имат на образон (на лицено).
Еве е татко в торба се најде украдената капа. (Некој човек украл една капа и ја турил во торбата, а малото негово дете видело кога татко му ја скрил капата во торбата. Во истото време ја побарал сопственикот, а човекот што ја украл велел дека не ја видел. Кога видело детето, простодушно рекло: „Е, да, еве ја татко, во торба капата.“)
Еден будала шчо ќе заметкат, триста умни не может да го одметкат.
Еден в клинецот, други в плочата.
Еден в’лк на едно стадо му е доста.
Еден Господ знае сичко.
Еден драм милос (љубов) да има чоеко, одошто ока алтани да дават в црква.
Еден мажи, друг жени.
Еден мајката ја милуа, друг ќерката.
Еден ум (е), дали за лете или за зиме.
Еден чоек плачи, друг се радуа.
Еден дирек две кшти не може да допира.
Една беља не е беља, сто бели се беља.
Една грешка – вечна мака.
Една кашча не чини село.
Една ластојца не прајт пролет.
Една овца што с дели од булукот, ќе ја изеит волкот.
Една педа да е ама твое да е.
Една прачка лесно се кршит, а поеќе мачно.
Едната нога на земја, другата на узенгија. (Се готви за во туѓина).
Едната рака другата ја мие, а обете лицето.
Една рака и у море не може сама да се мие.
Едно мислит камиларот, а друго камилата.
Едно око – едно кале. (Многу красна мома или жена).
Едната рака другата ја мие, а обете лицето.
Еднему мајка, а другему маштеа не биди.
Еднему татко, другему очув не биди.
Едниот на патот, другиот на катот.
Едни плачат за деца, други плачат од деца.
Еднио умирал од глад, а другио го прашал што ручал.
Едни плачет, други се смејет.
Едно мислит, друго зборвит.
Едно на срцето друго на јазикот.
Едно та вредно.
Едно на ум, друго на срце, трето на јазик.
Едно чедо прокопсано – вреди за десет.
Еднош викат тељалот за глуите
Еднош (едношка) се умират.
Еѓупска сила трње вршила со сива кобила.
Еѓупска торба без дно.
Езеро со лопата не се лејт (не се црпит).
Еќим на веков не ќе требаше, ако болес немаше.
Ела зло, без тебе позло.
Ела лебу да те јадам.
Ем ага, ем чалма – не бива.
Ем болна, ем трудна, ем душа сака.
Ем тесно, ем бесно.
Ем гол, ем зол.
Ем го срби, ем го боле.
Ем криво, ем клоца (рита). (За човек што се зафаќа со некоја работа без да ја разбира).
Ем стрижена, ем бричена.
Ем шут, ем боде.
Ергенл’к, везирл’к.
Ергенлак – пашалак.
Есап ќитап – торба и стап.
Есен богата, зима рогата.
Еќим душа не дава, ама болниот со полесно го оздравуат.
Еќим на веков не ќе требаше, ако болес немаше.
Ефтиното месо и кучињата не го јадат.
Ефтиното секој пат е поскапо.
Жаба на суво не крекат.
Жаба не е риба.
Жабата видела м’ската, к’де ја коат си поткренала таа ногата (да ја поткојат).
Жаба да се помочат, не се излегвит од кал. (Местото многу е кално).
Жаба на суо не крекат.
Жабите се плашат и од зајаците.
Жалај со тие што жалаат, а радуј се со тие што се радуаат.
Жеден коњ матна вода не гледа.
Жална мајка на мртво дете се радуа.
Жеден преку вода те (го) поминал.
Железото дури е топло се чукат.
Железото железо трие, а зборовите умо.
Железото и дрво и камен сечит, ама и него рѓата го јадит.
Железото се чука дури е вруќо.
Жена вера нема.
Жена доугокоса, краткоумна (е).
Жена години и м’ж пари никојп’т не кажвит.
Жена и змија едно се.
Жена и змија не се за вервање.
Жена и лисица – како една мајка да и родила.
Жена, коњ, пушка не се даат на туѓа рака.
Жена лоша, вечна мака.
Жена млада и старо вино земај.
Жена мрзелива мезе на вошките бидуа.
Жена работница одит засукана.
Жена синор немат.
Жената имат за секого (за секогаш) п’лна торба с’лзи.
Жената е рај за м’жот ко ке је арна.
Жената моја, детето туѓо.
Жената рај, жената пекол.
Жената колку е блага толку е горчлива.
Жената се смејт ко ќе мојт, а плачит ко ќе сакат.
Жена умна и разумна не го остаа мажо да страда.
Жена што шета по комшии дома здрава не си оди.
Женило црнило.
Жените отполу удолу му се кажуваат на мажите, а отполу угоре не му се кажуаат. (Жената коа мисли нешто лошо на мажо, не му кажуа).
Жените се облекле по модата, а мажите и понесло водата.
Женцките ѓаолштиње и ѓаоло не и знаи сите.
Женцко коа се раѓа и стреите плачат.
Жетвар без срп не бива.
Жива душа немат (не претат). (Нема никого).
Жив в земја не се влегвит.
Живејт ко бубрег в лој.
Живот и здраве и добра мисла да има човек, друго на векот не му требе.
Животта си дават, а од инаетот не се остават.
Живујат како куче и маче.
Житото без гадл’к не бива.
Житото на сноп дооди.