Конференција „Писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско“

Програмата за конференцијата Писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско, која во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи во среда, 27 октомври 2021 година со почеток во 10.00 часот.

П Р О Г Р А М А

Среда, 27 октомври 2021

10,00 Отворање на конференцијата
Амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје

Поздравни обраќања

Промоција на зборникот Културниот туризам во афирмација на македонското
културно наследство во Скопје и Скопско
Промотор: Ана Мартиноска

10,45 – 11,00 ПАУЗА
11,00 – 12,00

Работна сесија
Модератори: Илија Велев, Маја Јакимовска-Тошиќ

  • Валентина Миронска-Христовска, Институт за македонска литература, УКИМ,
    Скопје
    Значењето на печатената книга за македонското културно наследство од 19
    век
  • Ѓоко Ѓорѓевски, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“, УКИМ,
    Скопје
    Ракописите на свети Јоаникиј Ракотински
  • Лилјана Макаријоска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, УКИМ,
    Скопје
    Етнолингвистичките аспекти на записите од културното наследство во
    Скопско
  • Славчо Ковилоски, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
    Јордан Хаџи Константинов Џинот и писменото и книжевното наследство од
    Скопје и Скопско
  • Ана Мартиноска, Жарко Иванов, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
    Предизвици при дигитализација на нематеријално културно наследство
    (врз примерот на аудио-материјалите од Васил Хаџиманов снимени во периодот по
    скопскиот земјотрес во 1963 г.)

12,00 – 12,15 ПАУЗА
12,15 – 13,15

  • Славица Петровска-Ѓорѓевска, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
    Орнаментиката во Скопскиот празничен минеј од XIII век
  • Сарита Трајанова, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
    Писменото и книжевното културно наследство во трезорите
    на институциите во Скопје
  • Маја Јакимовска-Тошиќ, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
    Средновековните книжевници од Скопје и Скопско
  • Илија Велев, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
    Македонските ракописни писмени и книжевни споменици со потекло од
    Скопје и Скопско

13,15 – 13,30 ДИСКУСИЈА ПО СИТЕ РЕФЕРАТИ
13,30 ЗАТВОРАЊЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Времето за излагање е ограничено на 10 минути.

Организационен одбор
д-р Илија Велев (претседател), д-р Маја Јакимовска-Тошиќ (член) и
д-р Сарита Трајанова (секретар)

Конференцијата како проект од областа на културата е со поддршка на:
Градот Скопје
Министерството за образование и наука
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во
Скопје

You May Also Like