IN MEMORIAM: Почина Љубинка Басотова (1934-2020)

Утрово (четврток, 18 јуни) во Скопје почина Љубинка Басотова, долгогодишен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од најистанатите класични филолози кај нас.

Покрај педагошката и научната дејност на Филозофскиот факултет, проф. д-р Љубинка Басотова извршуваше и други одговорни и раководни должности: во два мандати беше раководител на Институтот за класични студии, продекан за настава, потпретседател на Факултетскиот совет и др.

Научниот интерес на проф. Басотова не беше фокусиран само во областа на класичната филологија, туку предмет на нејзини истражувања беа и теми од областа на историјата, книжевностa, македонистиката. Особено значаен придонес во развојот на наставата по латински јазик во нашата држава проф. Басотова оствари како автор и коавтор на повеќе учебници по латински јазик.

Како особена доблест на препевите на проф. Басотова се издвојува исклучителниот напор вложен во креативен уметнички подвиг стиховите на Софокле, Вергилиј, Овидиј, Хоратиј, Лукретиј и други антички автори да прозвучат во оригинална метричка стапка на македонски јазик.

Погребот на проф. Басотова е утре на Градските гробишта Бутел во 13 часот.

You May Also Like