Интересни детски фолклорни песнички од пределот на Струшки Дримкол…
- Антатили, заракатили,
заракатика, така,
елин, белин, буф,
Америка прави труф… - Бомба падна од небе,
удри баба по нога, тече гној тече крв. кој искочи тој е прв. - Бомба падна од небо,
удри старче по нога,
тече крв, тече гној,
кој искочи, тој е прв. - Еден, два, три,
ѓуптинот се скри,
ен, мен, чарапен,
чарупе, гризи дупе. - Енци менци на каменци,
таму школа на два сата,
под една капина,
газот му се скина.
Кој ќе го најде? – Јас.
Тој ќе јаде бабин газ. - Елемина, белемија,
домазара, докатара,
чин, чин, чинбуле,
Мартин, ѓуптин,
скочи две реки,
изеде две меки. - Еленице мала, свети пазара,
коли кокошки, јади трошки. - Две петлина се скарале,
и на патот извикале;
Ош, иш, иш,
ти ќа мижиш! - Ени мени, сени,
сени чоколада,
бур, бур, лимунада. - Ени, мени дудумени,
Карафиља, Мустафина,
џомада, кокица, писју,
солза пиј. - Енци менци, на каменци,
ују, бују дванадесет деца,
ен пен чарапен,
чараупе, гризи дупе. - Еден два три,
ти ќе, да бидеш џандар. - Еци пеци пец,
ти си мали зец,
а ја мала пеперуга,
еци пеци пец! - Еленица, препелица,
домазара, докатара,
чин, чин, чингуле,
Мартин, ѓуптин,
скочи две реки,
изеде две меки. - Загорка е мала,
има коса плава,
очи и се црни,
умот да ти мрдни. - Гу, гу, гугувче,
ке беше на пазар,
што купи, пченица,
Колку пари? – Сто пари!
Газот ти се попари.
Од книгата „Лабунишка хроника“ од Фадиљ Мустафоски – Мустоски, Охрид, 2010