Каменеста формација наречена Баби – Штип (Легенда за скаменетите Баби)

Според локалната легендата на 14 март, кога времето малку се подобрило, бабите тргнале да го напасуваат своето стадо кон подножјето на планината Плачковица.

На самиот излез на градот луѓето кои ги пресретнале бабите им рекле дека времето не е дојдено за напасување на добитокот и дека Сечко сеуште може да ги покаже своите заби на што бабите подбивно одговориле: „Тиц кози јарина, серам сечко брадина!“.

Сечко (Февруари) којшто ги слушнал бабите налутен и навреден од нивната дрскоста ја замолил Марта (месецот Март) да му позајми некој од нејзините денови, дувнал со силен северен ветер, настанала лапавица и ги скаменил Бабите на самото место кадешто може да се видат и денес. Од тогаш деновите до 14 март му припаѓаат на Сечко, а деновите до 20 март на бабите. Во годините кога времето од 14 до 20 март е сончево се вели дека бабите се добри, а во оние години кога е студено дека бабите се лоши.

Во чест на оваа легенда штипската населба Баби, која е на само неколку стотици метри од каменестата формација, го носи ова име.

Локација: Штип (излез на градот, кон село Караорман)

Координати: 41.768349,22.20107 Google map.

Eddie Rebel

You May Also Like