Изложба за модните трендови во Куманово

Синоќа во Лапидариумот на Музејот во Куманово беше организирана модна ревија,so наслов “Модните трендови и културата на живеење од “ала франга“ до современата мода“ чиј автор е м-р Анита Ѓорѓиеска – виш кустос.

На самата ревија беа проследени развојните линии на модното живеење преку моделите од “ала франга“, европска мода од почетокот на 20 век, па се до денес, до креациите на современите дизајнери Ненад Секирарски и Александар Рашковиќ кои инспирацијата ја пронајдоа во самата мода.

Погледнато од аспект на развојните линии на модното живеење, староградската мода имала функција да го обликува телото, додека во современата мода телото ја обликува модата. Во тоа се манифестира нејзината општествена функција, согледана низ културната игра на современата мода, во која се препознава ослободеност од било какви канони, кодекси и правила. Модата постепено се доживува како слобода на експресија на телото.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like