Геофизичко скенирање на неолитски локалитети во Македонија

Неодамна завршија теренските истражувања на тимот македонски и полски археолози на југот на Македонија, во Пелагонија.

Имено, овој тим предводен од Гоце Наумов (Универзитет „Евро Балкан“) и Урсула Бугај (Полска академија на науките), изврши геофизичко скенирање и 3D мапирање на неколку неолитски тумби во Пелагонија. Притоа, резултатите дадоа засега единствени резултати за организацијата на населбите во овој период, со што се детектираше линеарниот и концентричниот распоред на куќите и овалното опкружување на населбата со ровови.

Ова се засега први вакви сознанија за предисториските населби во Македонија и даваат сосем нов увид во тоа како бил организиран просторот во нивната внатрешност. Примената на најновите дигитални техники во истражувањата на локалитетите, отвора нова страница во македонската археологија и ја става во линија со најсовремените научни процеси. Резултатите од овие истражувања ќе бидат публикувани во реномирано меѓународно археолошко списание, што ќе овозможи врвна презентација на македонската предисторија и зголемен интерес меѓу светските aрхеолози.

You May Also Like