Ова лето, Publishers’Weekly го презентира на пошироката јавност, новиот уред за читање книги, Magical Book Reader.
Лесниот пластичен уред се прикачува кон детска книга и ја “чита“ на глас. Разработен во Израел, овој продукт работи на батерии и може да меморира 50 аудио варијанти на илустрирани книги. Тоа е високо- технолошка алтернатива на е-книгите за мали деца.
Со Sparkup, секој може да одржува врска за време на читањето за добра ноќ, дури и кога членовите на семејството не се заедно, физички.
Sparkup Magical Book Reader, е збир од визуелна компјутерска технологија- мала камера ги скенира страниците и го озвучува текстот со снимено аудио. Може да работи на сите јазици, дури и со Браиловата азбука. За децата со посебни потреби ова е дополнителна помош.
Sparkup не е замена за родителите. Се произлегува од идејата, да се зачува магичниот момент на читање за добра ноќ. Уредот има потреба од физички присутна книга.
Производот почнувајќи од месец септември ќе биде достапен на пазарот. Се надеваме дека ќе биде застапен и кај нас…А додека го очекуваме, да погледнеме како делува на дело.
припремил: Л.Ѓ.