На денешен ден (23 март 1950 година) стапува во сила Конвенцијата за формирање на Светската метеоролошка организација

На 23 март 2021 година се навршуваат 71 година од одбележувањето на стапувањето сила на Конвенцијата за формирање на Светската метеоролошка организација (23 март 1950 година) и 61 година од обележување на Светскиот метеоролошки ден (23 март 1961 година).

Секоја година на 23-ти март, Светската метеоролошка организација (СМО), заедно со метеоролошките и хидро-метеоролошките организации го слават Светскиот метеоролошки ден и го одбележуваат стапувањето на сила на Конвенцијата на СМО 23-ти март 1950 година, кога претставници од 31 земја претходно, на 11-ти октомври 1947 година, едногласно го усвоиле текстот на Конвенцијата на конференцијата на директори на Национални метеоролошки служби одржана во Вашингтон (на која пристапи и бивша ФНР Југославија, а со тоа и тогашна Народна Република Македонија).

Светски метеоролошки ден во 2021 година му е посветен на Океанот, климата и времето

Кога станува збор за времето и климата, повеќето луѓето размислуваат само за тоа што се случува во атмосферата и на копното. Ако го запоставиме голем дел од климатскиот систем како што е океанот, мразот и снежниот покрив тогаш нема да има комлетни истрежувања за времето и климата и временските и климатските промени.

Океаните и водените површини на Земјата изнесуваат околу 70% од површината на Земјата, и е главен двигател на временските услови и климата во светот. Исто така, тој игра главна улога во промените на времето и климата. Денес, зголемените влијанија на климатските промени ги прават набљудувањата, истражувањата и условите на океанот значително попотребни од кога и да било порано.

Затоа оваа година Светскиот метеоролошки ден 23 март му е посветен на Океанот, нашата клима и време.

Исто така, на 23 март се започнува Декадата на Обединетите нации за науката за океанот и одржлив развој (2021-2030). Декадата ги активира напорите за активирање на наука за океаните, преку иновативни идеи, како основа на информации за поддршка на одржливиот развој. СМО, како специјализирана агенција на Обединетите нации за клима, временски услови и вода, се обидува да го поддржи разбирањето на нераскинливата врска помеѓу океаните, климата и времето. Ова ни помага да го разбереме светот во кој живееме, вклучително и влијанијата на времето, неговите промени, клмата и климатските промени и да им помогнеме на членките да ја зајакнат нивната способност да ги чуваат безбедно животите и имотите, како и намалувањето на ризикот од катастрофи, како и да ги одржуваат државните економии.

Во текот на овие шест децении (1961-2021) Светскиот метеоролошки ден (СМД) од кога е отпочнато со одбележувањето на овој ден, му е посветуван на различни поими, активности или делови од метеорологијата, климатологијата, хидрологијата, природната животната средина и други сродни области од доменот на активностите кои се блиски со Светската метеоролошка организација.

Минатата 2020 година Светскиот метеоролошки ден 23 март му беше посветен на Климата и водите. Воедно Светскиот ден на водите 22 март и Светскиот метеоролошки ден заедно се прославуваа.

До сега СМД во изминатите 61 година му е посветуван на времето, климата и водите во следните години со теми на нивното одбележивање како и со насловите на главните теми и активностите кои ги има дефинирано Извршниот комитет на Светската метеоролошка организација:
– 2020 година, Тема: Климата и вода
– 2012 година, Тема: Напојување на нашата иднина со времето, климата и водата
– 2005 година, Тема: Време, клима, вода и одржлив развој
– 2001 година, Тема: Водите, време и климата
– 1998 година, Тема: Времето, океаните и човековата активност
– 1997 година, Тема: Време и вода во градовите
– 1977 година, Тема: Време и вода
– 1967 година, Тема: Време и вода

Се забележува дека Секретаријатот и Извршниот комитет на Светската метеоролошка организација во изминатиот период има активен однос кон проблемите со времето, климата, водите и океаните.

На тој начин продолжува соработката на Светската метеоролошка организација и Организацијата на Обединетите нации (ОН) кои имаат активен однос кон Океаните, времето, климата и водите, преку одбележување на Светскиот метеоролошки ден (СМД) во 2021 година, како и декадата насловена како Океаните, времето и водите и климата.

Д-р Пеце Ристевски, дипл.метеоролог

You May Also Like