Јубилеј – 70 години Светска метеоролошка организација

Денес е знаечаен јубилеј, 70 години од одбележувањето на донесување на Конвенцијата за организирање на Светската метеоролошка организација (23 март 1950 година) и 60 години од обележување на Светскиот метеоролошки ден – 23 март 1961 година)

Секоја година на 23-ти март, Светската метеоролошка организација (СМО), заедно со метеоролошките и хидрометеоролошките организации го слават Светскиот метеоролошки ден и го одбележуваат стапувањето на сила на Конвенцијата на СМО 23-ти март 1950 година, кога претставници од 31 земја претходно, на 11-ти октомври 1947 година, едногласно го усвоиле текстот на Конвенцијата на конференцијата на директори на Национални метеоролошки служби одржана во Вашингтон (на која пристапи и бивша ФНР Југославија, а со тоа и Народна Република Македонија).

Во текот на овие шест децении (1961-2020) Светскиот метеоролошки ден (СМД) од кога е отпочнато со одбележувањето на овој ден, кој му е посветуван на различни поими, активности или делови од метеорологијата, климатологијата, хидрологијата, природната животната средина и други сродни области од доменот на активностите кои се блиски со Светската метеоролошка организација. Така на пример во 1980 година СМД му е посветен на човекот и промените на климата, во 1981 на енергијата, 1986 година на климата, сушата и опустинувањето, во 1982 година на набљудувањата на времето од космосот, во 1983 на метеоролошкиот набљудувач.

Во некои години СМД му е посветен на метеорологиијата и проезводството на храна (1984 година ), во 1994 година на набљудувањето на времето и климата додека во 1999 година на ,,времето, климата и здравјето“. Голем број на теми на Светскиот метеоролошки ден му е посветуван на климата и нејзините промени, како и на глобалното затолување. Во определени години како што е 2001 година СМД му е посветен на ,,волонтерите и времето, климата и водите,,, додека во во 2002 година на ,,ранливоста на времето и климатските екстреми“. Во 2003 година СМД му е посветуван на ,,нашата идна клима“, во 2005 на ,, времето, климата и водите и одржливиот развој,,додека во 2008 година на набљудувањето на ,,нашата планета за подобра иднина“.

Во овој момент, добро е да се осврнеме на годишното одбележување на Светскиот метеоролошки ден во 2010 година кој беше посветен на на специјална тема, која имаше наслов: „60 години служба за ваша безбедност и благосостојба“, особено кога меѓународната заедница се ориентираше да ги постигне Милениумските развојни цели на Обединетите нации, особено во поглед на здравјето обезбедување на храната и водата и ублажување на сиромаштијата, како и да се подобри нивната отпорност на природни катастрофи и да помогнат во активно реагирање на растечките влијанија на климатската варијабилност и нивните промени. Очигледни примери беа, а и сега сеуште се актуелни како што се земјоделството и обезбедувањето на храна, здравјето, транспортот, туризмот, градежништвото и енергетиката меѓу другото.

Во оваа година Светскиот метеоролошки ден 23 март му е посветен на Климата и водите. Воедно Светскиот ден на водите и Светскиот метеоролошки ден оваа година заедно се прославуваат.

Д-р Пеце Ристевски дилп.метеролог

You May Also Like