Што црта вашето дете?

Психолозите тврдат дека со помош на цртежите вашето дете ги искажува своите емоции, својата душевност, својот начин на кој го доживува светот околу себе.

Мислите на детето се скриени во цртежите. Ако сакате да погледнете во неговата душа изберете момент во кој тоа ќе изрази желба да црта и предложете да го нацрта своето семејство.Не го прекинувајте и не го поправајте додека црта. Тивко следете го. Ве очекуваат интересни откритија…

Мама, тато и јас

Во каков редослед ги нацртало членовите на семејството?Ако започнало прво со себе-тоа значи дека е егоцентрично. Така и треба да биде. Сепак тоа црта свој свет,во кој тоа е главен херој.После себе детето го црта следниот член на семејството,кој според него е најважен.Последен на цртежот треба да биде домашниот миленик… Но ако мачката или кучето се најдат на второто место, веднаш после него, тоа значи дека се чувствува осамено. Ако детето “заборави“ да нацрта некој близок-тоа е сигнал за тревога. Се толкува од психолозите,дека тој човек не му е важен и пријатен. Причините можат да бидат најразлични. Ако детето се црта себе си премногу мало, значи дека целосно е зависно од своите родители и ги доживува, како пречка за развој на споствениот идентитет и креативност.

Сите заедно

Ако на цртежот,сите стојат еден до друг, фатени за раце, детето се чувствува како дел од семејството. Тоа верува во љубовта што му ја давате. Најблиску до себе детето го црта нај-саканиот човек, на кој може да му се довери целосно. Родителите, кои малку разговараат со своите деца се обично на крајот на цртежот.Не е добро ако двата родители се нацртани свртени со грб. Помалите браќа и сестри често знаат да се најдат на страна од другите. А доколку се нацртани многу мали,значи дека детето е љубоморно и бара внимание од родителите. Огромните насмеани лица, цветови, балони, пеперутки, сонце… се јасен знак дека детето се осеќа добро во семејството.

Раце, нозе и глава

По големите деца знаат да ги нацртаат сите делови на телото.Недостигот на било кој дел од телото е лош знак.Долгите раце за некој член од смејството,говорат за страв од него,дека тој знае да удри и повредува. Ако таткото често вика на глас, детето може да заборави да му нацрта уста. Големите и дебели нозе значат дека детето често е напрегнато и подсвесно бара посигурна семејна атмосфера. Дете, кое црта долги нозе се стреми кон независност, а ако во цртежот рацете се нацртани нагоре – не е добро.

Тоа значи дека тоа сака да заплашува и ужива кога родителите се плашат од него. Ако пак детето се осеќа непријатно, тоа црта страшни физиономии со протегнати раце на страна и големи прсти.

Бои и боење

Најблиското и сакано суштество,детето  ќе го нацрта во иста боја со која се обоило себе си. Енергичните и неспокојни деца обично одбираат топли и јарки бои-црвена и портокалова. Ладните бои повеќе ги користат тивки, повлечени и сериозни деца. Тие ја сакаат сината и жолтата. Контрасти на црно и бело означува внатрешен конфликт, со кој детето не може да се справи.

Обратете внимание како вашето дете ги бои цртежите. Ако моливот често излегува од границите на линиите, детето е слободно и независно. Ако цртежот е обоен сосема правилно, дури ако меѓу боичките и линиите има празнина… знак е дека, детето нема самодоверба, се осеќа незаштитетно и има потреба од поддршка.

подготвил: Л.Ѓ.

You May Also Like