Што е тоа добра играчка?

Среќното детство неможе да се замисли без играчки. Точно тие се првите инструменти, со кои детето го спознава светот, формира способности, се изразува…

Играчките се продукт на кој треба да се обрати внимание при купување. Изборот на добра играчка е тежок, зошто таа не треба да биде само убава, а да носи и полза за развојот на детето, да е безопасна за здравјето…

Во последно време многу се зборува за опасноста на производите во општи рамки, особено на тие наменети за деца, каде што спаѓаат и играчките. Европската унија воведе строги закони за без-опасност и сигурност на играчките кои се продаваат во Европа. Особено во однос на користењето на хемиски состојки, со цел да се гарантира максимална заштита. Со новиот закон, во ЕУ има поголема контрола на внесените играчки, кои се продаваат. Еве само неколку точки од законот…

-Се ограничува употребата на хемиски субстанци и тешки метали и се забранува користење на канцерогени  и токсични материи.
-Производителите треба да гарантираат дека, нивните играчки не се токсични или опасни за здравјето на детето.
-Производителите треба да достават докуметнација за секоја супстанца употребена во играчките.
-За да бидат полесно разбрани и видени, етикетите со текст, треба да носат назнака ВНИМАНИЕ. Секоја материја од која е изработена играчката треба да биде јасно наведена, на повеќе јазици.
-Играчките за деца под 3 год. треба да подлегнат на посериозни тестови.
-При изработка на детска стока, можат да бидат користени само органски аромати.

Ако зборуваме за Македонија, јасно е дека не изостануваме во проверка на квалитетот на играчките кои се внесени, особено тие од Кина и САД. Голем процент од тие играчки се со мал квалитет и според некои сериозни анализи содржат канцерогени материи и предизвикуваат алергии.

Но, што е тоа добра играчка?

И покрај сите мерки на заштита кои ги води државата, секој родител треба да знае што е опасна и без-опасна играчка. Опасна играчка е секоја играчка, која во одредени услови може да предизвика повреди или трајни физички рани кај детето. Затоа внимавајте на деталите, дури очињата од куклата можат да создадат проблем…Особено важна е и возраста кај детето. Најмалите деца, знаат да прават “тестови“ на секој предмет со устата- да ги гризнат, лижнат, одлепат, проучуваат или разглобат…а многу од нив, проверуваат дали она, што го држат во рака, може да влезе во носето- копче, паричка, топче, тркалце од количка, делче од сложувалка. Поголемите деца пак, сосема свесно експериментираат и сами го тестираат квалитетот на новата играчка- кршливост, способност за летање, пливање, трансофрмација на делови…

Читајте ги етикетите и сертификатите, кои одат со производот. Сите фирми, кои се занимаваат со производство на стоки за деца, после проверка на квалитетот, добиваат сертификат за соодветниот продукт. Овој документ треба да постои во продавницата на секој трговец. Имате право да го побарате. Освен на сертификатот, внимавајте и на пакувањето на играчката. На неа треба да бидат напишани на Македонски сите важни информации…Секој трговец треба да има мостра, од играчките кои ги продава, за да може да ја разгледате убаво. Внимателно разгледајте, слушнете и помирисајте…Ова лично истражување може да ви каже многу-пример, непријатен и раздразлив звук, проследен со силна миризба ви кажува дека таа играчка воопшто не е за вашето дете. Кога купувате обоени играчки, убедете се дека бојата е според сите стандарди за квалитет и безопасност за здравјето.

На страната за здружението Еко-Свест, може да погледнете листа со потенцијално опасни играчки, кои треба да ги избегнувате…

Ако постои сомнеж за квалитето на некоја конкретна играчка, слободно обратете се до комисијата за заштита на купувачи. Би требало да ве сослуѓаат и да направат анализа на штетниот производ кој го користат децата кај нас…Исто така, може да направите онлајн истражување на страната на RAPEX (европски систем, кој предупредува за штетна роба), каде ќе добиете богата информација за производи кои носат опасности по здравјето на децата.

подготвил: Л.Ѓ.

You May Also Like