Често сме среќавале родители, кои им наметнуваат мислење на децата, дека училиштето е тешко и строго, бара многу труд и кога почне, игрите завршиле.
Сега, замислете си деца, кои сакаат да учат, одат на училиште со насмевка, а не со страв и осеќаат исто толкаво задоволство од учењето, како од игрите. И ова не е се, замислете дека, со малку труд успеваат да научат многу повеќе, како на пример, да научат да читаат само за еден месец… Сето ова е можно со помош на еден метод, создаден во Бугарија. Создавач на науката сугестопедија и нејзината практична примена е проф. д-р Георги Лозанов доктор од бугарија, психијатар, мозочен физиолог и педагог. Терминот е признаен за прв пат во 1965 година.
Предмет на сугестопедијата се сугестиите (замислите) – десугестија (ослободување од нив), со чија помош можат да се откријат потенцијалните можности на личноста. Во 1966 година отворен е институт за сугестопедија. Методот се прилага за прв пат во 1978 година. Кога е направен експеримент со деца од прво одделение, кои без проблем учеле материјали за второ… Во 1978 година, 25 члена комисија на УНЕСКО, носи одлука дека сугестопедијата е висока метода на обука и предлага да биде користена во сите држави. Но поради политички причини во самата Бугарија, сите експериментални училишта се затворени, а проф. д-р Георги Лозанов е затворен цели 10 години.
Методот сугестопедија, специјално создаден за деца, се нарекува превентивна сугестопедија, зошто ако се применува правилно, ги штити децата од многу општествени програми и ограничени влијанија. Со помош на уметноста и алтернативни техники на предавање, децата учат со леснина и задоволство, преку игра, без умор и досада, слично како методот на Монтесори.
Сугестопедијата, предава знаења по природен пат, на радосен начин, без манипулативен однос од возрасните. Се смета дека го зајакнува емоционалниот тонус, ја намалува агресијата и стравот. Така на пример, деца уште во прво одделение, учат да читаат многу добро, без дури да знаат дека учат. Основни помошни елементи се и топлите бои на собите, просторот во кој се учи, музиката, многуте цртежи во училниците, позитивната атмосфера, осетот за сигурност… Се смета, дека никој учител на треба да се зафаќа со таква работа, ако не е човекољубец. Во сугестопедијата, љубовта на учителот кон децата се илустрира преку ликот на родителот, кој го учи детето да вози велосипед.
По десет години притвор и полна изолација, проф.д-р Лозанов, поканет од австрискиот претседател, заминува во Виена и отвара иститут за обука на учители, по својот метод. Кон крајот на својот живот, инспириран од големиот интерес на Бугарите кон сугестопедијата се враќа во Софија, каде води програми во кои учество земаат повеќе од 15 држави.
И до денешен ден, постојат луѓе кои го продолжиле неговот дело, како на пример основачите на центарот за алтернативно образование “Вихровения” или оснивачите на училишта, кои имаат улога да ги обноват затворените селски училишта и реинтегрираат, главно ромите во општеството, преку сугестопедија.