Секој што има деца, знае, дека да си родител не е лесно. Времето кое сте го имале само за себе, сега е намалено, имате многу задачи и обврски и сметате дека 24 часа не се доволни за нормално функционирање.
Лесно е, забрзани во секојдневието да заборавиме, дека треба да одделиме повеќе време за децата, да играме со нив, да се смееме почесто, да се насладиме на тоа, што сме родители. Еве неколку совети како да бидеме посреќни и да внесеме повеќе радост во домот.
Смејте се почесто
Докажано е дека, смеата е одлична терапија не само против стрес, но и против многу болести. Освен тоа, ќе ве натера да се чувствувате подобро и најважно… смеата е заразна! Кога вие се смеете и вашите деца ќе земат пример од вас.
Движете се
Не е услов да одите на фитнес или во теретана, јога и сл… за да може да се каже дека водите активен живот. Пуштете си музика и танцувајте, заедно со децата. Движењето преку танц, ќе ве натера да се чуствувате подобро, а ќе поминете скапоцено време, заедно со децата. Децата брзо прифаќаат секакви идеи за игра, па нема да ви биде тешко да ги натерате да се вклучат во танцот.
Игнорирајте ги надворешните звуци
Понекогаш точно вревата од надвор, пречи најмногу на родителот и ги дразни нервите, до неподнослив степен. Не дозволувајте страничните звуци (градежни машини, автомобили и сл.) да го нарушат вашиот внатрешен мир. Но запомнете, децата неможат без врева… помислете какви сте биле вие како мали.
Посветете доволно внимание на своите деца
Признајте си… понекогаш имате толку многу обврски, што пропуштате да слушнете што ви зборува малото суштество до вас. Потрудете се да ги слушнете зборовите на детето, да го прашате што се случило преку ден, како си поминало на училиште …се она, што тоа сака да го сподели со вас. Не ги пропуштајте годините, додека децата се сеуште мали… Точно тоа е времето кога може да го научите дека вие сте најблискиот човек, со кој може да сподели се.
Подготвил: Л.Ѓ.