Како ќе изгледаат детските игралишта во иднината?

Пластиката повеќе не е во мода. Иднината на детските игралишта е во нивното минато. Природните материјали и форми, уште од древни времиња се главно опкружување за детската игра.

Овој факт е се повеќе основна мисла на архитектите и дизајнерите, па наместо вселенски, ултра-модерни дизајни, се почесто никнуваат игралишта за деца, во кои главни елементи се песокот, каменот, водата, дрвото, тревата…

Во Америка овој тренд – природни игралишта, се почесто се практикува во училиштата, градинките и јавните површини… истиот започнал во 2005 година, под влијание на книгата „Последното дете во шумата“ (Last Child in the Woods), на новинарот, Ричард Лоува. Тој ја склопил фразата “синдром на недостаток на природа”, со предупредување, дека оддалечувањето на децата од природата е поврзано со преголемата дебелина, депресијата и пореметувањето на вредности во новите генерации.

Природните игралишта за деца, комбинираат различни природни материјали и вегетација на начин, кој ги тера децата на игра а во исто време ги подучува за светот и природната разноликост. Составени се од природни скулптури (стари трупци, крупни камења и слично), уметнички дела на самата природа, зелени огради, природни стази и други елементи направени од камен, трска, прачки дрва, земја, како и водени површини – поточиња и езерца.

http://www.simpleplayground.com/the-playground/
Промотерите на игри во природна средина, велат дека предноста кај овие игралишта е во тоа што, децата имаат многу повеќе можности за игра. Полни се со материјали кои децата можат да ги истражуваат… А се покажало и дека се поекономични за изградба и побезбедни.

Друга позитивна страна од играта со природни материјали е што тие поседуваат својства, кои научниците одма на ги докажале… дека престојот во природна средина (меѓу дрвца, песок, земја, вода…) , делува благопријатно на физичкото и психичкото здравје на детето.

Едно истражување, направено во 2001 год…покажало дека постоењето на дрвја, зелени храсти и трева, во градските населби, го намалува нивото на насилство меѓу жителите. Други анализи покажале, дека луѓето многу побрзо и подобро, закрепнуваат од стрес, кога се опкружени со зеленило…

Најнова студија спроведена од стручњаци за детска игра и развој, се бавела со однесувањето на децата на игралиште кое било ренивирано, од урбано( со метални лизагалки и лулашки, обоени во јарки бои…заменети со природни, т.е дрвени елементи, поточиња, жива ограда, дупки песок, цвеќе и сл…

Покажало дека, после реновирањето, децата поминувале повеќе време на игралиштето и биле повеќе физички активни, развиле подобра кндиција, мускулатура и моторика. Посебно интересно е што децата во новото игралиште, во голема количина ја користеле својата фантазија за време на игра. Модрените игралишта не пружаат прилики за импровизација- се знае за што служат лулашките, топоганите, качувалките и сл… Со природните елементи, тоа не е баш едноставно, па децата сами мислат и бараат начин, кои елементи да ги употребат во играта.

Истражувањата покажале уште, дека природните игралишта го менуваат начинот на кој децата меѓусебно општат. На бетонските игралишта, нај-силните деца обично доминираат во играта. Кај природните, децата се однесуваат по другарски, по кооперативно. Насилството е помало, зошто начинот на игра, бара соработка.

А зошто, природните играчишта се побезбедни?

За почеток, дизајнерите на класични игралишта, се трудат да ги направат што по интересни, привлечни и смислуваат елементи, како тркала и скалила, во кои можат да најдат и помалку спретни деца, зошто се готови. Во природните игралишта, елементите се совладуваат постепено…Топоганите на пример, заедно со други класични справи, стануваат досадни по извесно време, зошто се наменети само за една игра…па децата почнуваат да ги користат на разни други начини, за кои не се дизајнирани, а тоа води до повреди.

http://earthplay.net/rusty-keeler/adventure-school-meets-the-anarchy-zone/

Елен Сендсетер, професорка по психологија од Норвешка и водечки стручњак за детска игра, предност им дава на природните игралишта.

-Природните игралишта се нај-интересна форма за сите возрасти деца, кои, за да се развиваат правилно, мораат да преземаат ризици и ги надминат стравовите. Скалите од метал, не се доволно добар предизивик за децата. На нив, тие би можеле да се искачат и со затворени очи… Меѓутоа, на дрвото, “скалилата“ се поставени во различна позиција. Детето мора да ги осети гранките, нивната цврстина и да ја прецени нивната издржливост. Тоа значи дека мора да донесе одлуки за степенот на ризик и да ја прецени околината…

 

Припремил: Л.Ѓ.

You May Also Like