Играчките на нашето детство

Гушкани се силно, бакнувани, галени ,влечени и многу, многу сакани. Да, мечињата од нашето детство, кои ако сме имале среќа да не ги исфрлиме, денес остареле со нас…Тие носат драгоцени спомени и незаборавни моменти.

За да ја овековечи силната љубов кон плишаните пријатели, фотографот Марк Никсон, почнал да ги слика мечината,жирафите и зајчињата на своите пријатели, кои веќе пораснале. Така се раѓа MuchLoved.

Марк не се чуди, кога дознава дека многу возрасни сеуште спијат со своите омилени играчки од детството. Голем дел од сликаните мечиња се постари од 50 години, а за некои вораста воопшто и не се знае. Искинати но сеуште живи, тие преку своите мили очиња сеуште ја зрачат онаа нежна љубов, која се спремни да ја разделат во полни шепи на најмилите…децата.

Најубаво во овој проект е што е отворен. Секој што има свој омилен пријател за игра, може да се вклучи во прекрасната фотографска колекција. Марк со задоволство ќе го фотографира секое мече. 🙂

подготвил: Л.Ѓ.

You May Also Like