На денешен ден: Починал Вилијам Шекспир

На денешен ден (23 април 1616 година) во Стратфорд на Ејвон умрел Вилијам Шекспир, англиски драмски поет и артист. Се смета за еден од најголемите драмски писатели на сите времиња.

Тој е автор на незаборавените и често изведувани многубројни дела, од кои најпознати се „Хамлет“, „Кралот Лир“, „Ромео и Јулија“, „Сонот на летната ноќ“, „Отело“ и „Магбет“.

Неговите дела, како и колаборати, содржат 39 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.

Шекспир бил почитуван поет и драматург во своето време, но денешниот углед главно започнува во XIX век. Романтичарите особено ја почитувале генијалноста на Шекспир, а викторијанците го обожавале со таква стравопочит што Џорџ Бернард Шо ја нарекува „бардолатрија“. Во XX и XXI век, неговите дела уште поинтензивно се проучуваат и изведуваат, од најразлични културолошки, книжевни и политички перспективи ширум светот.

Роден бил во Стратфорд на Ејвон, на 26 април 1564 година.

You May Also Like